1.Правило- поминете квалитетно време заедно
Можеби ова ќе ви звучи како клише, но важно е заедничките минути да ги поминете квалитетно. Квантитетот не е пресуден. Размислете како ќе го поминете слободното заедничко време, што ќе правите и како ќе го поминете во иднина. Совет: пробајте да пронајдете заеднички интереси, без разлика дали се работи за хоби, или да го завршите денот со вечера која заеднички ќе ја подготвите.
2.Правило- дајте си еден на друг меѓусебен простор
Баш како што треба да го поминете одреденото време заедно, исто така треба и еден на друг да си дадете простор, односно треба да имате и меѓусебно време за себе. Ако сакате вашата врска да функционира, морате да сфатите дека на секоја личност и е потребно одредено време и простор за себе. Совет: на почетокот на врската бидете јасни одма кога сакате времето да го поминете сами.
3.Правило- повеќе секс
Дали сте среќни двајцата на прашањето за секс? Постојат многу начини да го подобрите својот сексуален живот и да го направите поинтересен. Тоа што е најважно е да не се плашите со партнерот да зборувате за тоа. Совет: опуштете се со партнерот пиејќи чаша вино и кажете му што сакате да пробате во кревет. Кажете му што ви се допаѓа.
4.Правило- повеќе насмевка
Паровите кои се смеат заедно, остануваат заедно. Делење сличен смисол за хумор е еден од темелите за вашата врска и веројатно е една од работите која вас на почетокот ве привлекла. Совет: забавувајте се меѓусебно, правете шеги кои ви се интересни, едноставно насмејте се заедно.
5.Правило- забавувајте се повеќе
Факт е дека на сите ни се потребно некои работи кои не расположуваат и кои желно ги очекуваме. Лесно е да се заборават забавните работи, кога имаме други секојдневни обврски , но правејќи план за во иднина, тоа ќе ве развесели и двајцата. И на крајот ќе се забавувате кога ќе дојде моментот кој сте го планирале. Совет: не треба тоа да биде скапо патување или било што друго за кое се потребни многу пари. Тоа може да биде едноставен излет со велосипед, пикник на село, одење во кино.
6.Правило- остварете ги заедничките фантазии
Искористете ја довербата од вашиот партнер и остварете ги своите фантазии. Сето она што не можете да го кажете и изразите од било кој друг, можете да му го кажете на него. И обратно. Искористете ја врската за експериментирање и авантуризам, бидејќи нема подобар начин за подобро да се запознаете. Совет: ако не можете да ги кажете вашите фантазии играјте игра: еден на друг напишете си ги фантазиите кои сакате да ги остварите.
7.Правило- нема да се карате повеќе
Можеби на вас оваа заповед ќе ви изгледа невозможна, бидејќи порано или покасно ќе дојдете до одредени спорови, па дури и од најмалите. Она што е важно е да ги прифатите работите едни со други и нормално да се прифатат одредени недостатоци кои понекогаш ве полудуваат. Совет: пробајте да се воздржите од непотребни или прекумерени реакции работи кои не се важни.
8.Правило- одржувајте ја врската возбудлива
Тајната лежи во малите работи. Пробајте да се пробиете од дневната рутина и изненадете го својот партнер со доручек во кревет, масажа, заедничко туширање, мал поклон. Не морате да чекате годишнина или роденден, за да си кажете еден на друг колку си значите. Совет: често правете јадења кои ги обожавате или наместо секојдневно готвење излезете во локалниот ресторан.
9.Правило- спалната соба нека биде ваше љубовно гнездо
Вашата спална соба мора да биде место каде што ќе се опуштите и каде ќе се чуствувате најдобро. Таа мора да биде чиста, не смее да биде полна со непотребни работи…Совет: ако немате многу простор потрудете се вашата соба да ја одржувате чиста и уредна. Ако постои можност, декорирајте ја по ваш вкус и сопствени желби. Собата треба да зрачи со интимност и сексапилност.
10.Правило-пронајдете време за разговор
Дали понекогаш се чуствувате како да разговарате со ѕидот? Веќе многу пати нагласивме дека комуникацијата е клучна за успешна врска и немојте да мислите дека вие сте нешто друго. Совет: важно е да поставувате прашања и очекувате одредени потполни одговори и обратно. Бидете во тек за да знаете што се случува со неговата работа, со неговото семејство, пријатели, што чита, што работи во текот на денот, неделата, месецот…