Една од најплатените манекенки, Хајди Клум си ги осигура своите преубави нозе и тоа по цена од два милиони долари.
Таа откри дека всушност не си ги осигурала нозете самата, туку една компанија за која таа некогаш работела. Сопственикот ме испрати во една осигурителна компанија на проценка и таму го направив осигурувањето. Десната нога ми има поголема цена затоа што на левата имам белег, кој го имам од повреда од стакло, вели Хајди.