Десницата ќе ја владее поранешната Југославија!!!

popara13 јули, 20111min00
Former_Yugoslavia_Map

И после 21 година од нејзиниот распад, поранешна Југославија си го фати патот на десницата. Ако земеме во предвид дека во Словенија и Србија, веќе во месециве што следат, левицата ќе ја изгуби својата власт, т.е Јанша и Николиќ ќе ја земат контролата над државите во целост, а во Македонија, Босна и Хрватска, десницата веќе владее; тогаш лесно може да се заклучи дека конечно се наштимаа сите “братство-убиствени” народи од Балканскиот полуостров. Дали тоа е знак дека поранешните комунисти преоблечени во демократските одела од новиот вид, го изиграа своето последно оро? Така е! За нив во новите евроатлански интеграции нема место. Југоисточна Европа ги исчисти нивните влијанија во целост, извинувајќи им се на сите, на кои за време на комунизмот им беше нанесена било каква штета, психичка и физичка тортура, како и за нив впечатливи, други врсти неправда. Од “бившиве” па наши “браќа” само словенците направија исчекор во тој правец. Другите? Ќутат и гувеат како галички невести. Еве им шанса на сите “десни” заедно да ја исправат големата неправда. Тие што “истргаа” дебел “стап” во тие погрешни времиња не бараат оштетеа, не бараат признание. Тие само бараат, дури и постхумно за поголемиот дел од “обеспарвените” да се овозможи, исправање на лажната вистина, што 50 годишната диктатура ја кроеше низ бившо-југословенските простори. Ништо друго!!!

Време е!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma