Неименувана двојка од Швајцарија тврди дека Реј (17), кој тврдел дека пет години живеел сам во шума, всушност е нивниот внук. Тие се согласиле и на ДНК тестови само за да се докаже вистината, а реагирале веднаш штом ја виделе неговата фотографија во весниците.
Германските медиуми не откриле повеќе детали за необичниот случај на „шумското дете“, а се уште нема изјава ни од полицијата. Пред две недели полицјата и социјалната служба почнале да се сомневаат во изјавите на момчето. Доколку се докаже дека Реј навистина е од Швајцарија, германските власти ќе го депортираат веднаш, пишува Дејли Мејл.
Момчето се појавило во Берлин минатиот месец, а според последните информации наводно полицијата верува дека живеел на чешката страна од планината Оре, а до Берлин пешачел 240 километри.
Реј инаку одлично зборувал англиски, а на германски знаел неколку зборови. Момчето е високо 175 сантиметри, светла коса и е во одлична кондиција. Луѓето кои поминуваат време со него во Берлин велат дека сака да гледа телевизија и да оди на куглање. Љубезен и далеку од описот на дивјак кои доаѓа од шумите.