Девојчето кое се роди на Филипини, во Манила во неделата две минути по полноќ, е 7 милијардитиот жител на нашата планета.
Од денеска нашата земја и официјално има 7 милијарди жители.
Раѓањето на девојчето Д. Меј Камачо го заокружи бројот 7 милијарди жители. Таа се родила две минути по полноќ, а тешка е 2,4 килограми. Честитки стигнале од секаде во светот.
Претставниците на ОН на родителите на девојчето им подариле торта и уверение за 7 милијардити жител во светот. Инаку 6 милијардитиот жител се роди во 1999 година.
Кина и понатаму е најнаселената земја на светот со 1,35 милијарди, а по неа следува Индија со 1,24 милијарди.