Натпреварувачката во минатогодишното шоу на X Фактор, Шер Лојд снимила нов видео спот во кој многу потсетува на својот ментор Шерил Кол.
19 – годишната британка, овие денови во Лос Анџелес го снимила својот нов сингл, а британските медиуми останале фасцинирани од неверојатна сличност помеѓу двете ѕвезди.
Да потсетиме, Шер Лојд минатата година се натпреварувала во британската верзија на шоуто X Фактор. Таа ја воодушевила публиката и жирито со нејзиниот глас, а меѓу жирито била и самата Шерил Кол. Поради тоа што сакала да ја спаси Шер од испаѓање, познатата пејачка се нашла на мета на критичарите, а наводно добила и закани со смрт.
Што е сличноста помеѓу Шер и Шерил, оценете сами!