UN диета

popara28 септември, 20111min00
un diet 90 days

UN диетата името го има добиено од обединетите народи, според англискиот збор „undiet“, а во слободен превод би значела „диета без диета“. Според оваа диета вашите килограми се топат, а истовремено не гладувате. Диетата трае 90 дена, а за тоа време може да се изгубат од 18 до 25 килограми.

План на диетата – диетата секогаш започнува со протеински ден, а по овошниот ден повторно доаѓа протеинскиот, па затоа редоследот не смее да се менува.

1 Ден – Протеински ден:

Појадок: овошје, кое секогаш ќе се јаде во парен број 2 јаболки, 2 крушки или 2 портокали и е ист за секој ден за време на диетата.

Ручек: Варено месо (пиешко, мисиркино, говедско, риба, морски плодови, тофу). Наместо месо може да се изедат и две варени јајца или сирење. Млечните производи е дозволено да се јадат само во овој ден. Покрај наведените намирници можете да јадете и салата. Можете да направите и зеленчукова супа и само едно парче интегрален леб.

Вечера: менито е исто како и за ручек, само изоставете ја супата и лебот. Доколку за ручек сте јаделе месо, треба да го јадете и за вечера само во помала количина.

2 Ден – Скроб ден:

Ручек: можете да јадете варен компир, грав, соја, грашок, леќа, ориз. Салатата од било каков зеленчук е дозволена со малку маслиново масло, исто така може да се изеде и едно парче интегрален леб и бистра супа.

Вечера: Истото што е и за ручек, само без леб и половина количина помалку за разлика од ручекот.

3 Ден – Јаглехидрати ден:

Ручек: секаков вид на тестенини, со сос од домати и зеленчук. На овој ден можете да јадете и житарици.

Вечера: Едно парче торта, или неколку колачи. Три топки сладолед и еден ред црна чоколада.

4 Ден: Овошен ден:

На овој ден се јаде сам оовошје, било какво и во колкаво количество сакате, единствено нешто што е важно да правите пауза од два часа помеѓу оброците со овошје.

Потоа се повторуваат деновите по редослед со препорачаното мени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag