Колку интересни и неверојатни резултати! Според резултатите на едно американско истраживање се вели дека кога луѓето изненадно ќе решат дека треба да ослабнат или да го подобрат својот надворешен изглед, се спремни да се разделат со својот партнер или пак станува збор за неверство. Ако тој е среќен со вас нема да има потреба и желба да го промени својот изглед тврди професорот Томас Клејнс, откако направил проучување на поврзаноста помеѓу среќата и килограмите. Според него, изненадната желба да топиме килограми и да се посветиме на спорт, значи дека сакаме промена во животот и најмногу тоа се однесува на интимноста и партнерот. Тој тврди дека луѓето кои се во среќна врска не чувствуваат притисок и незадоволство поради својот изглед. Дури во повеќето случаи партнерите во брак или стабилна врска, накачуваат килограми бидејќи не се грижат толку многу за телото. Дали ова е навистина така е строго индивидуално, секој сам може да прецени за себе си.