Летото е време за одмор и забава, особено ако го поминувате покрај море или езеро. Но ако сте на диета…, тоа може да биде проблем, особено ако се има предвид дека држењето до одреден режим на исхрана бара претходна подготовка и планирање.
Во ситуација кога набавката или подготовката на квалитетна храна е отежната, лесно може да придонесе да се откажете од диетата, но навистина нема смисла да го фрлите во вода целиот вложен труд. Затоа следните неколку совети ќе ви помогнат лесно да ги испланирате оброците.
По пат…
Патувањето до летната дестинација само по себе заморно…гужви, чекање, жештина…Затоа во борбата против гладот најдобар сојузник без конкуренција се јаткастите плодови како ореви, бадеми и лешници и сувото овошје. Тие ќе ви го обезбедат потребното количество на витамини, енергија и чувство на ситост. Но бидејќи тие се релативно богати со енергија треба да се ограничи нивната доза.
Исто така многу внимавајте при внесувањето на течности за да го намалите ризикот од дехидрација. Иако ледените чаеви се чинат како добар избор, сепак тие содржат многу шеќери. Затоа, можеби подобар избор е покрај свежата вода, да се разладувате и со ладен зелен чај, кој претходно сте го подготвиле од дома. Имајте предвид дека, освен освежителниот ефект, зелениот чај помага при заштитата од штетните ефекти на УВ зраците.
Совет плус…
Во борбата против гладот од голема помош ќе ви бидат ниско масни јогурти кои се достапни за купување каде и да сте одлучиле да го поминете одморот.