Диетата на Кејт Винслет навистина успешна!

popara13 октомври, 20111min00
kate 3

Освен по своите филмски улоги, Кејт Винслет е позната и по своето витко и здраво тело. Нејзиниот режим на исхрана се состои од непреработена храна, избегнува алкохол и кофеин и вежба пилатес. Иако порано имаше проблеми со килогарамите, денеска е горда на своите облини и пример на сите несигурни жени.

Како девојка била полничка, но никогаш тоа не го криела и секогаш е противник на премногу слабите модели како симбол за убавина.

Овој став не го променила до ден денес, изгледа прекрасно иако не според ригорозните критериуми на модната индустрија.

Мајка е на две деца, редовно се бави со пилатес, на што посветува по 20 минути секој ден. Вели дека не е опседната со теретена и вежба онолку колку што е потребно да не се здебели.

Благодарение на оптималната доза вежби, има привлечна женствена линија. Во една анкета 16% од жените изјавиле дека сакаат да ги имаат нејзините облини и полни широки рамена.

Диета без преработена храна

Наводно после раѓањето на нејзината ќерка, Кејт изгубила 25 кг со помош на оваа диета.

“Мислам дека е важно да изгледаме реалистично и живо. Не сакам новите генерации да растат со убедувањето дека мора да се биде слаб за да се биде убав. Оваа пропаганда е страшна и излезена од контрола.” вели Кејт Винслет.

Убава и без фотошоп

Нејзиниот отпор кон оваа медиумска хисерија околу слабиот изглед е толку силен што предизвикал расправија со уредниците на едно списание кои ги обработиле нејзините фотографии со цел да изгледа послаба.

“Несакам луѓето да помислат дека нагло сум изгубила 12 кг. Затоа и се обраќам на јавноста и велам дека не сакам никогаш да изгледам така слабо.”

Истото се случува и со нејзината слика на насловната на Vanity Fair 2008.

Според нејзиното мислење, списанијата со фотографии на многу слабите манекенки прават голема штета, бидејќи младите девојки се трудат да изгледаат како нив а тоа не е здраво.

“Најлошо е кога истите тие славни жени пројавуваат грижа за младите девојки болни од разни пореметувања во исхраната. Ако нависти се грижите, тогаш не дозволувајте ваквите слики да се појавуваат пред очите на младите.”-советува Кејт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag