Британките доручкуваат обилно
Британките доручекот го сметаат како главен оброк во денот и додека го јадат не ги бројат калориите. Истражувањата покажуваат дека доручекот го смалува чуството за глад во текот на денот и се чини дека вкупно внесуваме помалку калории. Кој редовно го јаде доручекот, може да очекува телесната тежина да ја намали од 6 до 10 килограми годишно. Освен тоа, после утринскиот оброк ќе имате повеќе енергија и подобра концентрација, бидејќи и мозокот ќе биде добро хранет.
Маслиново масло и вино
Просечна жена од Грција годишно троши 26 литри маслиново масло и иста количина на бело и црвено вино. Маслиновото масло не дебелее, туку го подобрува губењето на тежината со помош на антиоксиданси кои го забрзуваат согорувањето на калории. Алкохолот ги прави мускулните клетки поосетливи на инсулин кој им помага брзо да се апсорбираат и брзо да го трошат шеќерот во крвта пред да го претворат во масти.
Топење масти со кафе
Повеќе кафе пред јадење е добро за слаба линија. Така прават дамите од Финска. Во оваа земја се конзумира повеќе кафе од било која држава во светот,но само пола саат пред оброкот. Тогаш испиеното кафе го потиснува апетитот за една третина и го забрзува метаболизмот. Заслугата за тоа припаѓа на кофеинот и антиоксиданси на кафето.
Германката сака компир
Експертите ја пофалуваат посветеноста на Германија на компирот, бидејќи тој долготрајно заситува а нема многу калории. Исклучоци се пржени компири кои е најдобро да се избегнуваат ( како што и прават германците ). Способноста за да се потисне апетитот ја има и во грав,кои бразилките го користат како гарнир со секој оброк, дури и во мали количини, пишува Здрава крава.