До 2020 бројот на мобилни уреди двојно ќе се зголеми

popara14 октомври, 20111min00
MobilePhonesManyHands

Растот на мобилната индустрија, и покрај тоа што има пенетрација поголема од 100 проценти, во многу земји е сеуште на почетокот

Според податоците на GSMА, вкупниот број на бежично поврзани уреди како што се далечинските сензори, персоналните компјутери, лап топ компјутерите, рутерите и сл., се очекува дека двојно ќе се зголемат, од 9 милијарди уреди, колку што се денес, на повеќе од 24 милијарди во 2020 година. Тој раст ќе биде пратен со јак замав во мобилно поврзаните уреди, односно на оние кои во себе вклучуваат СИМ технологија, и за кој се очекува пораст од 6 милијарди денес, на 12 милијарди мобилно поврзани уреди до 2020 година.

Овој развој ќе биде пратен со 1,2 билиони пазарни можности кои ги очекуваат бежичните индустрии, што е седумкратно зголемување од очекуваниот приход во 2011, според студиите кои ги спровела фирмата Machina Research.

Големите можности се кријат во поврзувањето на сите овие уреди околу нас; од фрижидер, автомобил и други електронски апарати, уреди. Мајкл Охара, главниот маркетинг директор на GSMA, ја нарече оваа следна голема фаза во развојот на мобилната индустрија која го обележува тоа дека сега потрошувачите комуницираат со околината. Приликата за соработка и остварување на своите потенцијали ќе ги имаат сите елементи на екосоставот.

Каде точно се кријат тие можности? Студијата покажа дека добрата соработка со индустријата на потрошувачките електроники може да генерира приход од 445 милијарди долари. Останатите сектори кои би можеле да имаат корист се автомобилската индустрија, која би можела да генерира 202 милијарди долари приход; здравјето, кое би можело да има 69 милијарди долари приход и комуналните услуги кои би можеле да ги зголемат приходите за 36 милијарди долари до 2020 година.

„Ние се движиме кон новата ера на поврзаност каде ќе има ширење на милијарди поврзани уреди во светот. Поголемиот дел од тој раст доаѓа од моделот машина-спрема-машина: новиот пазар за испорачителите на комуникациски услуги, и со новата динамика. Начинот на кој мобилните оператори, добавувачите на уредите, давателите на услуги и други личности, во ланецот на вредности, ќе реагираат на оваа состојба, ќе има важни импликации за нивниот иден успех. Баш сега, мобилната индустрија има чиста можност да игра главна улога во поврзувањето на животот,” изјави Џим Мориш.

Директор на ова истражување изјавил:

Ваквата мобилна индустрија очекува раст во иднината. Пред неколку години трошоците за мобилно поврзување беа голема пречка во развојот. Визијата на GSMA обединета под името Connected Life опишува свет во кој потрошувачите и деловниот свет уживаат во богатството на новите услуги на различните видови уреди кои се поврзани на интернет преку мобилните broadband мрежи. Погледнете го видеото:

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag