До каде отиде светот! Нуклеарки на Марс или Месечината!

popara1 септември, 20111min00
nasa

Иако првобитно се сметаше дека нуклеарната енергија може да се произведува само на Земјата, научниците на НАСА развија нов концепт на нуклеарна енергија во вонземски услови. Нуклеарната фисија не зависи од сончевата енергија, ветерот или кој било земјен ресурс, а тој факт доведува до заклучок дека нуклеарната фисија не е поврзана со местоположбата на која ќе се оствари. Ова не е нова идеја, меѓутоа овој нов проект на НАСА би можел да доведе до создавање на првиот прототип на вонземска нуклеарна централа.

Првиот прототип би требало да биде готов во 2012 година. Станува збор за проект на НАСА и американската агенција за енергија DOE.

„Новата технологија за разбивање на атомите е сосема различна од онаа која сите ја познаваме и на која работат сите нуклеарни централи. Реакторот би бил во големина на куфер без кула за ладење. Би произведувал 40 киловати на час што е приближно на количината на енергија за напојување на осум домаќинства на земјата. Сончевата енергија и горивата се главните извори на енергија на сите мисии надвор од Земјата, ние ја разбравме таа ограниченост и затоа создаваме пософистициран облик за производство на енергија кое ќе ги замени традиционалните извори на енергија“ – Џејмс Вернер одговорниот човек на проектот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag