Првиот контингент на резервни војници на КФОР пристигнал вчера попладне на Приштинскиот аеродром за да им помогне на меѓународните воени сили по избувнувањето на кризата во северниот дел на Косово, пишуваат приштинските медиуми.
На барање на командантот на КФОР, генерал Ерхард Билер, НАТО одлучил да испрати околу 700 припадници на резервниот состав, главно стационирани во Германија. Како што и претходно било изјавено од страна на НАТО и КФОР, одлуката за испраќање но нови војници како засилување се должи на неможноста на мировниците да ја контролираат ситуацијата во северниот дел на Косово. Преостанатите војници на КФОР се очекува да пристигнат денес на Косово.