Еден коцкар се обидува на суд да докаже дека казино го измамило за премија од 43 милиони евра.
Бехар Мерлак од Австрија се коцкал на машина позната како „овошки“ во Брегенц и осовоил премија од 37 милиони евра.
Меѓутоа, управата на казиното неговата победеа ја прогласила за софтверска грешка и му понудила утешна награда од 70 евра и купон за бесплатна вечера.
На апаратот на кој играл гостинот се совпаднале четри од пет слика на овошки, а машината исфрлила џекпот од 43 милиони.
Мерлак сега бара на суд да му се исплатат неколку милиони.
Управата на казиното пак вината ја префрла на производителот на машините и се повикува на австрискиот закон кој наведува дека џекпотот на машините неможе да биде поголем од 2 милиони евра.