Кога сте еден од луѓето кои имаат најдлабок џеб во светот, се чини за вас постои само едно место на планетава, а тоа е улицата наречена Низа Милионери во западен Лондон.
Нов жител во „низата“ е рускиот милијардер Роман Абрамович, сопственик на фудбалскиот клуб Челзи. Тој е трет од десетте најбогати луѓе во светот кој се пресели на најскапата британска улица.
Тој купи вила вредна 100 милиони евра, за која се смета дека има повеќе од 15 спални и огромни градини. Во изградба е и огромно подземно игралиште кое ќе биде сместено под имотот, а кое ќе содржи тениски терен, медицински центар и приватен музеј.
Абрамович се одлучил на овој чекор откако се откажал од реновирањето на деветте станови и летни резиденции во Лондон, што инаку би го чинело 170 милиони евра. Меѓутоа, неговата сопруга Даша Жукова и синот не можеле да чекаат цели три години за да заврши реновирањето, па се одлучиле за оваа вила од 100 милиони евра.
В комшии Роман ќе пие кафе кај бизнисменот Лакшмиј Митал, чиј дом го добил името Таџ Митал, а за тоа се погрижил Берни Еклстон, шефот на Формула 1. Меѓу останатите соседи е и нафтениот магнет, украинецот Лен Блаватник. Поранешниот дом на принцезата Дијана се наоѓа на оваа улица и во него сеуште живеат некои членови на кралското семејство. На улицата има и доста дипломатски згради, меѓу кои и руската и израелската амбасада, пренесува „Daily Mail“.