Пред неколку дена се објавени резултати од една студија која даде резултати за влијанието на добрите масти и добриот холестерол врз намалувањето на ризикот од срцев удар.
Како што знаеме, мастите нормално се присутни во нашето тело. Без нив не би можело нормално да функционираат многу метаболички процеси. Холестеролот е вид на масти кој го има во два подвида, т.н добар и лош холестерол.
Студијата била спроведена на околу 4000 луѓе, постари од 64 години. Тоа била ризична група за развој на срцеви компликации. Едната група пациенти во текот на три години била третирана со големи количини на Б3, кои го зголемуваат нивото на добриот холестерол и стандардна доза на лекови кои го намалуваат лошиот холестерол.
Било констатирано дека нивото на добриот холестерол под влијание на витаминот Б3 е несомнено голема, но тоа нажалост немало никакво влијание на стапката на срцеви напади.
Намалувањето на лошиот холесетрол секако го намалува ризикот од срцеви компликации, но според студијата добриот холестерол сеуште не е докажано дека е толку добар и чудотворен.