После измама, лошите врски и врските за една ноќ, следува права љубов, а жената ја препознава после 4-тата недела.
Познато е дека патот кон вистинската љубов е трнлив, но истражувачите не исплашија колку патот може да биде долг и болен! Да се најде “вистинскиот” нема да биде едноставна, брза и безболна процедура….
Новите истражувања тврдат дека просечната жена бакнува 22 мажи, има 4 долги врски, и покрај тоа 5 пати и е скршено срцето пред да го најде вистинскиот маж! Една жена на патот кон вистинската љубов, исто така поминува низ шест лоши врски, има шест врски за една ноќ и изневерена е дури 4 пати, пренесува Дејли Експрес.
Просечниот маж сепак мора да помине многу повеќе од тоа. Тој бакнува 23 жени, и има 10 врски за една ноќ пред да успее да се среди да биде покрај една жена. Но и машкото срце на патот кон вистинската љубов е скршено шест пати, спроведедно истражување во кои учествувале 2000 луѓе. Просечната жена првиот маж го има на своите 15 години, а излегла со 9 мажи пред оној вистинскиот. Но кога ќе го најде вистинскиот, тоа веќе го знае во 4-тата недела.
-Ние сите знаеме колку е тешко да се најде вистинската љубов, но кога ќе се собере се заедно, делува застрашувачки, смета Деан Адамс на порталот за спојување meeteez.com