Додека некои умираат за јадење, други отвараат приватни космодроми! И после Вол Стрит?! :)

popara19 октомври, 20111min00
104890

Британскиот милијардер Ричард Бренсон свечено го претставил својот космодром во пустината на југот од Ново Мексико, од каде во 2013 година треба да полетаат првите комерцијални летови во вселената.

Бренсон на терминалот отворил шампањско во друштво на гувернерката на Ново Мексико, Сузан Мартинез, астронаутот Баз Олдрин и голем број на кандидати кои сакаат патување во вселената.

Британскиот милијардер пред скоро година дена го прослави завршувањето на градежните работи на пистите на својата компанија Вирџин Галатик. Сега се довршени и космодромот и вселенскиот брод, а компанијата моментално работи на ракетните тестови.

Бренсон изјавил дека тест летовите ќе завршат до крајот на 2012 година и дека потоа ќе може во вселената да патуваат и првите патници.

Повеќе од 450 луѓе веќе имаат купено карти за ова патување. Летот од 2,5 часа, со пет минутна безтежинска состојба и поглед на Земјата од вселената, чини 200.000 долари.

Меѓутоа, првите патници на ова патување ќе бидат Бренсон со неговите две деца.

Изградбата на космодромот чинела 209 милиони долари. Пистата е долга 3,2 километри. Површината на терминалите и хангарите е на површина од 10.233 километри.

Комерцијалниот сообраќај ќе почне со работа кога ќе се даде дозвола за истиот од Федералната администрација за авионски сообраќај. НАСА за Вирџин Галактик потпишала 4,5 милиони долари вреден договор за три истражувачки чартер летови.

httpv://www.youtube.com/watch?v=867gJbEGT6g

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag