Доказ дека Facebook спрема и музичка услуга

popara11 октомври, 20111min00
0338007.42

Референци кои упатуваат на производ под името „Vibes” се пронајдени во кодот на Facebook, а тоа би можело да е поврзано со музичкиот сервис на Facebook за кој се говори веќе некое време.

Оваа социјална мрежа во средата ја промовираше својата услуга, видео chat, во соработка со Skype. Kaко дел од процесот кој овозможува користење на производот за „еден-на-еден” видео комуниакција е и процедурата на превземање (download) на програмата и неговата инсталација на компјутерот.

Како што пишува Mashable, софтверскиот инжењер Џеф Роуз сакал да дознае што всушност инсталира на својот компјутер и како дел од тој код комуницира со Skype, па одлучил да го прегледа кодот на таа апликација. Во него открил открил дека инсталацијата подржува не една, туку две апликации. Едната е наречена „Peep” и таа е поврзана со видео chat-от, a другaта е наречена „Vibes” и таа е најверојатно поврзана со апликацијата за превземање музика:

Eве кој код е во прашање:

if (paramString.equals(“com.facebook.peep”)) 
return this.window.getMember(“VideoChatPlugin”);
if (paramString.equals(“com.facebook.vibes”)) {
return this.window.getMember(“MusicDownloadDialog”);
}

Се поверојатно е дека Facebook „во ракав” има нешто поврзано со download на музика. Може ли тоа да е апликација за превземање на вашата музика и нејзин пренос на облак (cloud)? Има ли музичкиот сервис Spotify некаква врска со ова? Или тоа може само да е дел на кодот кој се однесува на производ чиј развој е напуштен?

Сепак, не би се охрабриле да кажеме дека апликацајата за музика ќе се вика баш „Facebook Vibes”. Имено, постои причина и зошто Facebook својот видео разговор не го нарекол „Facebook Peep.” Сепак, сосема извезно е дека Facebook спрема музички дел кој ќе има многу можности.

Што мислите, што има Facebook во ракавот?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag