Доказ за напредно медицинско знаење

10 јануари, 20110
3780195167_596342264c_z

Освен енигматските творби на камен има и некои знаци на исклучително напредни хируршки процедури што биле изведени во праисторијата. Дојдено е до голем број на черепи од неолитот, кои се чини дека подлегнале под некаква хируршка постапка. Сепак станува збор за хируршки зафат на мозокот, а знаеме дека тоа е деликатна и доста напредна медицинска постапка. Ричард Муни го објаснува овој процес во својата книга “Колонија Земја” овој начин: “Овој вид на хируршки зафат денес е операција во која еден дел од коските на черепот се отстрануваат, да се олесни притисокот предизвикан од страна на тумор или згрутчување на крвта, да се отстранат деланки на коската предизвикани од фрактура на череп. Операцијата е тешка и бара голема вештина за да може да се изврши успешно. Тешко е да се верува дека неолитскиот човек – за кој се мислеше дека е крајно примитивен – би можел да врши вакви операции со тешки техники, со кремен нож, а без анестетици или поими за хигиена. ” Докази покажуваат дека на преживеаните од овој антички кранијален третман, исто така преживеале и останале да живеат уште долги години потоа. Ова е многу значаен факт, имајќи предвид дека во денешно време, кај пациентите подложени на овој вид на операции има многу висока стапка на смртност како резултат на инфекција, труење на крв и други очигледни компликации кои се вклучени со кранијалната хирургија. Уште повеќе докази од древните хируршки операции исто така доаѓаат до нас од поранешниот Советски Сојуз, каде што испитувањето на неколку черепи пронајдени во близина на езерото Севан во Ерменија, укажуваат на високо слично развиена техниката на кранијалнита хирургија работени пред повеќе од 4000 години! Еден пациент очигледно бил здобиен со сериозни повреди на главата, и праисториски хирург извршил уредна операција на фрактура со користење на внимателно обликувани клин, кој бил фино стокмен од животинска коска. Черепот покажал видливи знаци дека на пациентот му била направена операција на черепот и на коскеното ткиво имало знаци кои покажале дека му била извржена интервенција и потоа зараснало ,што покажува дека лицето ја преживеало операцијата и живеел подолго време потоа. Друг сличен череп е пронајден, откривајќи дека на една жена и била извршена операција за да се отстрани некаков објект широк еден инч инч широк, кој пробил преку нејзиниот череп, завршувајќи директно во мозокот. Но хирургот успеал да го отстрани целиот објект намалувајќи го со делкање, и повторно ја затворил раната со користење на остар предмет направен од животинска коска. Таква операција била неверојатно комплексна бидејќи станува збор за операција на мозокот но, била успешна бидејќи за да зарасне коскеното ткиво и раната потребни биле долги години, а пациентот ги преживеал штом овие знаци биле забележани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *