Долги фустани повторно во тренд

popara2 октомври, 20111min00
00

Фустаните какви што носеше Елизабет Харли повторно се тренд. Долгите фустани со длабок пресек и истакнато деколте, оваа есен ќе бидат повторно во мода. Може да се забележи дека на црвениот тепих се шетаат вакви фустани од кои „ѕиркаат“ витки нозе, но за да се справите со ваков фустан ви треба:

Преубава затегната кожа

Според овој крој на фустанот, рацете се изложени на видик како и целата нога од онаа страна на фустанот каде се наоѓа пресечениот дел. Ако сакате да изгледате перфектно во оваа комбинација потребена ви е детална депилација и хранлива крема за вашата кожа да засјае.

Затегнато тело

Ако сте забележале дека овој фустан сокрива неколку вишок килограми, не се лажете. Таа повеќе ги истакнува вишокот на килограмите отколку што ги сокрива. Со овој фустан доаѓаат до израз рацете, нозете и тенкиот струк. Доколку имате испланирано да го облечете овој фустан за некоја прослава, подобро да престанете со консумирање слатки и фатете се за вежби.

Коса

Ќе биде навистина жалосно овој прекрасен фустан да го расипете со лоша фризура. Неопходен ќе ви биде професионален зафат на фризер, да ви направи постојана и цврста фризура. Како наш предлог ви е брановита фризура во стилот на 20-тите, со една страна префрлена позади увото.

Потпетици

Слично како за фризурата , важи и за потпетиците. Во никој случај да не помислувате да го носите овој фустан доколку не сте планирале да носите високи потпетици.

Детали

Во оваа комбинација прилега само еден облик на накит – или бразлетна или прстен или ѓердан. Торбата што ќе ја понесете мора да биде женствена, која може да ја искомбинирате со бојата на обувките или накитот.

За крај или солариум или крема за потемнување. Со потемна кожа ќе му дадете повиток ефект на вашето тело.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag