Фустан, обично се купува кога жената ќе изгуби некој килограм. Хедер Хол (51) потрошила 15.000 фунти (17.255 евра) на 100 премали фустани за неа, со цел да се натера самата себе на диета. Мотивирана од новите фустани, таа изгубила вкупно 38 килограми за една година.
Само што почнала со диетата, купила премал кожен фустан. Тоа толку ја мотивирало, што продолжила со купување.
– Од секогаш сум била голема девојка, но со текот на годините само се зголемував. Имав толку многу килограми што ме болеа грбот и нозете. Ни на сон не можев да одам на годишен одмор и да се облечам во костим за капење – кажува Хедер.
– Тогаш мислев дека не е толку страшно, но сега гледам колку сум била “страшно” дебела. За доручек знаев да изедам неколку чоколади и колачи, за ручек шпагети со болоњезе, а за вечера пилешко со помфрит. Се одлучив на диета за мојот 50-ти роденден. Тогаш имав 100 кила. Се зачленив во група за слабеење. Денеска јадам зеленчук и житарици и секој ден си се частам со нискокалорично чоколадо.
– Се чувствував прекрасно кога за прв пат можев да ги пробам моите фустани, но сега имам друг проблем – кожниот фустан ми е преголем – кажа Хедер.