Доживотен затвор за убиство на адвокат и новинарка

popara6 мај, 20111min00
Empty_prison_cell_af1a
Судот во Москва осуди на доживотен затвор ултранационалист, заради убиство на руски адвокат кој се занимавал со човекови права и една опозициона новинарка во ноември 2009 година, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.
Обвинетиот Никита Тихонов (31) е осуден на доживотен затвор, максимална казна која ја бараше обвинителството, а неговата девојка Евгенија Хасис (26) е осудена на 18 години затвор заради соучество во двете убиства.
Адвокатот Станислав Маркеловбил борец за човекови права и  новинарката Анстазија Бабурова која работела за опозициониот весник “Новаја Газета“ , убиени се на 19 јануари 2009 година на среде улица во Москва.
Обвинителите навеле дека Тихонов бил маскиран со оружје, додека неговата девојка ги следела жртвите, кои ја напуштиле зградата во која била одржана конференција за новинарите и се упатиле кон метрото.
Убиениот адвокат на конференција за новинари го осудил привременото ослободување на полковникот Јуриј Буданов, осуден 2003 година на десет години затвор за убиство на 18 годишна чеченка Елза Кунгајева.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag