Дознајте како изгледа вино старо 1650 години?!

popara12 декември, 20111min00
staro vino

Германски историчари започнале жестока дебата за тоа дали треба да се отвори шишето вино старо дури 1650 години, кое стои во музејот „ Pfalz“ веќе половина век.

Се верува дека ова е најстарото шише со вино во светот, а запечатено и затворено е со восок.

Шишето е откриено во 1867 година, а го анализирале хемичари за време на првата светска војна.

„Не сме сигурни дека виното ќе може да го поднесе шокот кога ќе се сретне со воздухот. Се уште е во течна форма“, изјавил кустосот на музејот Лудгер Текампе, а професорката Моника Кристман го дала своето мислење.

„Микробиолошки гледано, виното веројатно не е расипано, но сигурно не е ни вкусно“, изјавила професорката.

Дел од вработените во музејот мислат дека шишето со вино треба да се отвори поради понатамошни и нови научни анализи и истражувања, но не се сигурни како би реагирало доколку се отвори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag