Дознајте зошто се дебелеете!

popara20 јули, 20111min00
debelina

Научниците од Универзитетот Аберден откриле дека кај припадниците од западните држави се развил ген кој  предизвикува поголема склоност кон прекумерно јадење и консумирање алкохол. Нивните откритија се важни и во сегментот за лечење депресија, која како последица од алкохолизмот и вишокот килограми сé полека се претвора во чума на западниот дел од светот.

Значајно е и откритието дека за некои од овие болести е заслужен таканаречениот „лош“ ген, кој пак од друга страна отвора нови можности за нивно лечење.

Британскиот тим предводен од д-р Аласдаир Меккензи утврдил дека постои еден вид „прекинувач“, кој успева да го контролира генот ГАЛ, присутен кај човекот, меѓутоа и кај одредени видови стаорци и птици.

„Доколку тој прекинувач повлијае на желбата за внесување масти и алкохол во организмот, тогаш токму така и ќе биде.“- вели Меккензи.

Резултатите од овие истражувања можат да се поврзат и со животните навики на старите Европјани, на кои масните производи им претставувале важен извор на калории за време на зимата, па оттука се подразбира дека храната богата со масти, не изоставувајќи го и алкохолот биле многу важни навики за преживување. Сепак, зборуваме за доба кога животниот век поттикнат од овој начин на живеење се ограничувал на 30 или 40 години.

„Постои можност луѓето со послаби прекинувачи потешко да ја преживуваат зимата, па историски гледано токму и затоа припадниците од западните држави еволуирале на начин кој подразбира исхрана полна со масти и значителни количини алкохол.“-вели Меккензи.

Меккензи вели дека генот ГАЛ се лачи и во центарот на мозокот, чиишто хормони влијаат на стравот и тешкотиите, па оттука се потенцира и влијанието врз емоционалната состојба на луѓето и поттикнувањето депресија.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag