Во реката East River, во Њујорк во вторникот се срушил приватен хеликоптер „ Bell 206 Jet Ranger“, во кој имало пет лица. Пилотот и уште три лица биле повредени, а две од нив тешко, додека една жена загинала.
Во хеликоптерската несреќа во вторникот животот го загубила 40 годишна жена Соња Мара од Сиднеј. Таа останала заробена во леталото, кое по падот во реката потонало. Нуркачите имале тешка борба да го пронајдат и извлечат нејзиното тело од реката, јавува New York Times.
Се уште не се познати причините за несреќата и како дошло до неа, но сведоците на настанот тврдат дека се изгледало како хеликоптерот да имал некаков дефект.
Моделот на хеликоптерот „ Bell 206 Jet Ranger“ е еден од најпопуларните. Лесен за управување, па затоа често се користи за превоз на туристи и панорамски разгледувања на градот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=MiCD9fhp9Rs