Дранкорексија

slobodan2 февруари, 20111min00
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Дранкорексија, вонорексија, манорексија и бридеорексија се некои од болестите, кај кои како причина за појавата е модната индустрија. По булимија и анорексија, лекарите пронашле голем број на нови нарушувања во исхраната, кои се должат на комбинација од повеќе сериозни заболувања и се многу потешки и многу повеќе можат да наштетат на организмот од класичната анорексија. Британските здравствени работници овие денови предупредуваат за висока инциденца на нови феномени, нарушувања во исхраната, која е распространета меѓу младите девојки.

Дранкорексија – комбинација од анорексија и зголемената консумација на алкохол. Лекарите нагласуваат дека тоа е поопасно од алкохол, затоа што понекогаш постои целосен недостиг на навиките за храната. Оваа болест најмногу е распространета во универзитетските домови, бидејќи тие се надвор од контрола родители. Девојките кои сакаат да имаат витка линија, наместо храна, бираат “помало зло” и нивното мени целосно се сведува на алкохол. Ќе ги објасниме накратко и другите болести како резултат на нарушената исхрана.
Орторексија- тоа е болест која ги опседнува лицата со потребата да јадат само здрава храна, да не јадат слатки и масна храна или пак храна за која калориската вредност е непозната .

Бигорексија- лицата со оваа болест јадат само она што гради мускули и постојано вежбаат, дури и кога тие се болни и имаат болки во мускулите.
Нирилирексија- болните од оваа болест се трудат телесната маса да ја оддржуваат на најниско ниво и јадат само одредени намирници и тоа во точно одредено време.

Бридеорексија- е болест кај девојките кои пред да се омажат, пред свадбената церемонија се изгладнуваат и најчесто користат лаксативи со цел да изгледаат слаби.

Вонорексија- болест кај жени кои сакаат да привлекуваат внимание со приказни, како имаат проблеми со јадењето иако тие јадат нормално и се физички здрави
Манорексија- машки облик на анорексија, се доживуваат себеси како дебели, депресивни се, имаат недостаток за сексуална желба и склони се кон изолација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma