Дру Баримур ја покажа својата хуманост и од удобноста на својот дом во Холивуд замина за суровата Кенија со цел за да им помогне на сиромашните, особено на дечињата кои буквално немаат како да се прехранат.
Таа се најде на насловната страница на магазинот Condé Nast Traveler. Статијата е посветена на напорите на Баримур во Кенија, каде црвенокосата холивудска ѕвезда во моментот работи како амбасадор на Светската програма за храна која има за цел да им помогне на најсиромашните луѓе на светот, особено на децата. Септемвриското издание на овој магазин, насловено како„Визионери“, се фокусира на јавни личности, компании и активисти кои го менуваат светот.
Баримур вели дека решила да им помогне на децата од Кенија бидејќи била трогната од статија во некое списание посветена на лошите услови за живот во сиромашната Кенија.
„Јас никогаш немав детство. Постојано работев и не одев во училиште. Навистина бев трогната од фактот дека овие деца пешачат неколку километри дневно за да учат“, вели актерката. Таа додаде дека е важно да се согледа суровата реалност во светот, но и дека никогаш не смее да се изгуби надеж дека нештата ќе се сменат на подобро.