“Duran Duran” се англиска поп група позната позната по големиот број лесно приметливи синт- поп хитови и современи видео спотови.
Се појавиле во раните 80-ти како дел од новиот светски бран и биле важен дел од “Втората британска инвазија на САД“. И покрај нивното континуирано 25 годишно постоење, тие првенствено се означуваат како “бенд од осумдесеттите години“.
Тие имаат продадено преку 70 милиони плочи и имале осумнаесет синглови на американската листа и триесет на британската, вклучувајќи и некои од најголемите хитови: “Planet Earth”, “Rio”, “Hungry Like the Wolf” и темата од филмот на Џејмс Бонд (до денес единствена комерцијално успешна песна за агентот 007, која по заработка го надминала и самиот филм) “A View to a Kill” во 80-тите, “Ordinary World” и “Come Undone” во раните 90-ти.
“Duran Duran” го сочинуваат Ник Рудс (клавијатура), Џон Тејлор (бас), Роџер Тејлор (тапани),Енди Тејлор (гитара) и Сајмон Лебон (вокал). Бендот доживеа чести промени во составот, така што во два наврати функционираше како трио.
Групата се врати на музичка сцена кон крајот на 2004година, со албумот “Астронаут”, а во февруари 2005година, во полн состав тргнале на светска турнеја.
http://www.youtube.com/watch?v=gudEttJlw3s
http://www.youtube.com/watch?v=gCWyYOOS8FQ
http://www.youtube.com/watch?v=SFbDhbl3QPY
http://www.youtube.com/watch?v=go98Oa10QR4
http://www.youtube.com/watch?v=m8zksSKb9Zg