Дури 95 % од родителите, сакаат само 1 дете:(.. срамота!

popara29 септември, 20111min00
Young Couple with Two Children (8-12) Walking on the Beach

Новата книга од Џефри Клугер предизвикала револт кај родителите во Велика Британија. Тој тврди дека 95 отсто од мајките и татковците меѓу своите деца имаат миленик, и дека оние кои не признаваат дека едно од децата го сакаат повеќе, тие лажат.

За да не ги вознемири своите две ќерки кои имаат осум до десет години, додал: “исклучок е мојата сопруга и јас.”
Г-дин Клугер изјавил дека според истражувањата кои се направени резултатите покажале дека обично татковците ги сакаат повеќе помладите ќерки, додека посебен третман кај мајките имаат најстарите синови. Средните деца се тие кои немаат среќа да бидат омилени кај некој од родителите.
– Единствен бенефит кој го има средното дете е друштвото, изјавил Клугер.
Неговото мислење се коси со резултатите од истражувањето кое било спроведено на сајтот Today/Parenting.com каде стои дека 19 проценти од мајките признале дека имаат омилено дете.
Друго истражување спроведено во Велика Британија покажало дека мајките признале дека поинаку се однесуваат кон синовите и ќерките, иако психолозите сметаат дека ова е погрешен начин на воспитување.
Повеќе од половина, околу 55 отсто од мајките велат дека полесно се справуваат со синовите, и седум отсто признале дека повеќе им попуштаат на синовите отколку на ќерките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma