Пензионер од Велика Британија поминал два дена на автопат. Тој го барал патот за да стигне до домот на својата ќерка, но не успеал да го најде, а на крај морала да интервенира сообраќајната полиција.
Возејќи се по автопатот М25, 82 годишниот Денис Лејтон, тргнал до куќата на својата ќерка која се наоѓа во местото Swanley. Пензионерот тргнал од Виндзор, но го погрешил скривнувањето од патот за Swanley, па така почнал да кружи по истиот автопат цели два дена, барајќи го „мистериозниот“ излез, пренесува The Sun.
Со оглед на тоа дека старецот два дена го немало, локалната полиција ги предупредила своите единици да внимаваат да не го забележат некаде старецот.
Полицијата го пронашла, жив и здрав, 30 часа откако тргнал на пат од Виндзор. Полицјата му го покажала вистинскиот пат и тој конечно стигнал до домот на својата ќерка.
„Малку се изгубил старецот, но ние го пронајдовме жив и здрав и раните утрински часови“, изјавил портпаролот на полицијата.