Еден шпанец успеал два пати да побегне од затвор, благодарение на неговата сопруга, која испратила лажен факс, со команда веднаш да се пушти тој на слобода. 57 годишниот Хозе Карлос Серна полицијата го пронашла како се крие под тоседот во својот дом во Сан Лоренцо Ескориал, северно од Мадрид. По втор пат во затворот Арганда дел Реј избегнал, додека го чекал судењето, во декември минатата година. Службениците од затворот добиле факс во кој било назначено дека треба да се испрати во регионалниот суд. Потоа следел и телефонски повик, со кој било побарано да се постапи по испратениот факс. Серна по тоа бил веднаш ослободен. Службениците подоцна утврдиле дека со истиот тој трик во октомври минатата година, Серна побегнал и од затворот Валдеморо.