Два прста во штекер!!! Најголемата природна афро фризура на светот!

popara9 октомври, 20111min00
ginis

Евин Дугас е висока 172 сантиметри. Ако ја мерите и нејзината коса висока е повеќе од два метри. Оваа 36 годишна девојка од Њу Орлеанс, САД, влезе во Гинисовата книга на рекорди како сопственик на најголемата природна афро фризура во светот.

За оваа фризура, која има дијаметар од неверојатни 1,32 метри, на Дугас и биле потребни 12 години за да ја „израсне“.

Таа вели дека не е лесно да се живее со толку голема фризура, бидејќи постојано и се плетка во дрва и ја удира со врата, а особено и пречи кога ја допираат без дозвола.

„Сепак, и покрај тешкотиите, сметам дека мојата природна коса е најубава на светот и воопшто не жалам за својот избор. Освен тоа, мојата коса е совршена перница“, вели Дугас.

Па, браво за Дугас која успеала да ја израсне својата коса, која е поголема од диско топка!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag