Ритуалите поврзани со црна магија во полициска станица и тоа во 21 век, навистина предизвикуваат шок.
Барем така реагирал и се шокирал шефот на полициската станица во Мајами, кога дознал дека две жени вработени кај него се обидувале со црна магија да го избркаат од работа.
На овој начин Елизабет Торес и Ивон Родригез решиле да го избркаат шефот, за кого предходно дознале дека ќе почне да дели откази на вработените. Тие наводно се послужиле со ритуал од Карибите, кој служел да се протераат непожелни лица.
Ритуалот вклучувал поставување на различни семиња на различни места каде седи личноста која сакате да ја протерате.
Кога двете жени ги поставиле семињата, ја замолиле хигиеничарката да не ги поместува ниту пак да ги фрли.
Сепак, жената не го направила тоа, туку веднаш ги пријавила.