Две девојчиња на возраст од 6 и 12 години живееле во куќа со 110 мачки.
Лос Анџелес – пет постари лица биле уапсени и обивнети за загрозување на животот на двете девојчиња, откако се открило дека тие живеат во куќа со 110 мачки и тоа во ужасни услови за живот.
Полицијата ги обвинила Шарон и Џон Хов, нивната ќерка Кери Хов Моерено, нејзниот сопруг и постар внук, поради фактот што дозвлиле децата да живеат во страшни нехигиенски услови за живот. Двете малолетни девојчиња кои живееле во куќата на ужасот со своите родители, баба и дедо, немале никакви услови за живот, просториите каде спиеле биле полни со измет одмачките и преплавени со муви и бубачки.
Една од девојчињата спиела на кревет полн со влакна, во неподнослива смрдеа.
Соседите поради неподносливата смреда повикале санитарна инспекција, а по одбивањето на семејството да соработува со службите била повикана и полицијата.
Петмината осомничени заработиле прекршочни пријави за загрозување на животот на децата, а им се заканува казна затвор од седум години.