Двонаменска салата од јајца, салама и пиперки

28 септември, 20110
recept

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 1 кесичка солени крекери
  • 1 целер
  • 2 зелена пиперка
  • 200 гр. пилешка салама
  • 200 гр. Кашкавал
  • 300 гр. Мајонез
  • 2 лажици млеко
  • 1 главица кромид
  • Сол и црн пипер
  • 6 лепчиња ( по можност коцкасти или кружни).

Подготовка:

Сварете ги јајцата во вода во која сте додале малку сол. Јајцата треба да бидат тврдо сварени. Откако ќе се сварат, тргнете ги од оган и оставете ги да се изладат.

Во посебен сад искршете ги крекерите на ситни парчиња. Потоа ситно исецкајте го целерот и кромидот и додадете ги во смесата. Саламата и кашкавалот изрендајте ги на ситната страна од рендето и додадете ги во смесата. Исецкајте ги пиперките на ситни коцкички и додадете ги. Откако ќе се изладат јајцата, изрендајте ги и додадете ги во смесата. Потоа наросете сол и црн пипер и додајте го мајонезот и млекото. Мешајте додека смесата не се соедини.

Вака приготвената салата можете веднаш да ја послужите.

Исто така, може да ја послужите со лепчиња. Врз лепчињата ставете од салатата со јајца, салама и пиперки и рамномерно распоредете. Ставете ги лепчињата во тава  врз која претходно сте ставиле хартија за печење. Печете во рерна 4-5 минути на температура од 180 степени целзиусови.

Оваа салата може да Ви послужи како одлична ужинка или закуска на вашите забави. Добар апетит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi