Џастин Бибер сака да биде млад татко?

popara11 септември, 20111min00
Justin_Bieber1

Иако има само 17 години, Џастин Бибер веќе размислува за брак. Младиот пејач вели дека сака да се ожени до 25 години и дека сака да биде млад татко.

„На 25 години се гледам себеси како оженет човек со семејство. Сакам да бидат млад татко и да направам се што планирам да направам во животот“, вели Бибер и не ја исклучува можноста неговата сегашна девојка Селена Гомез да биде негова жена.

Сепак, иако размислува за иднината, Бибер вели дека сеуште е тинејџер.

„Сакам спорт, сакам да се дружам со пријателите, јас сум само едно обично 17 годишно момче“, вели Бибер и додава дека не планира свадба во скоро време.

Кога има 17 години, лесно е да се каже дека сака да се жени. Ќе видиме дали кога ќе наполни 25 ќе биде спремен да „рипне во тавче“ или ќе сака сеуште да биде ерген.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma