Џенифер Лопез после најавата за развод се најде во пегратка на маж, но само заради работата. Убавата пејачка и глумица е многу зафатена, сними спот за новата песна, а сега снима и нов филм Паркер. Со колегата Џејсон Статон глумат на Флорида, т.е. се снимени на еден балкон во Мајами во една сцена се прилично блиски.
Џеј Ло и Статон очигледно супер се сложуваат на снимањето на филмот. Во паузите тие поминувале доста време заедно и прилично се забавувале. Со сигурност следат чаршиските муабети дека таа е во врска и со овој актер. После Марк Ентони, Џенифер ја поврзаа со Бредли Купер, со кој наводно била на состанок.