По се изгледа дека љубоморните испади на Марк Ентони одат само на негова штета. Џенифер Лопез пронашла уште еден начин како да му наштети на нејзиниот поранешен сопруг, со тоа што сака да го продаде целиот накит кој тој и го подарил изминатите седум години додека биле во брак, вклучувајќи го и вереничкиот прстен вреден четири милиони долари!
Џенифер Лопез е позната како сопственик на уникатен накит, па не се сомневаме дека многу ќе и недостасува накитот на Марк, но сепак овде се работи за емотивниот момент. Марк дефинитивно ќе биде погоден, додека Латинската дива никогаш не била волку строга со ниеден предходен партнер. Се чини дека правата латино серија само што не кулминирала…