Иако разведени, Марк и Џенифер, поради работата останале во многу добри односи.
Актерката Џенифер Лопез останала во коректен однос со својот поранешен сопруг, иако медиумите неодамна ја поврзувале со 24-годишниот танчер Каспер Смарт, а пред тоа на големо се зборувало за нејзината љубовна врска со актерот Бредли Купер.
Поминало подолго време од најавата за разводот на Џенифер Лопез и Марк Ентони, но оваа тема и понатаму е актуелна. Поранешниот пар е виден во Порторико, но само работно, не станувало збор за некакво помирување или обновување на врската.
Џенифер и Марк ги имаат тригодишните близнаци Макс и Ема, и секое слободно време им го посветуваат на нив, поради што и останале во добри односи и покрај приказните за неверство на Марк.