Сон, чистење и хидратација на кожата се главното оружје.
Не нè чуди што Марк Ентони бил љубоморен на својата заводлива, позната жена. Оваа глумица, пејачка и дизајнерка има 40 години, но сеуште е една од најубавите жени во Холивуд. Таа има 4 правила со кои го одржува младешкиот и свеж изглед.
Најпрво, Џенифер внимава на кожата, посветувајќи многу внимание на нејзината хидратација. Признава дека лицето и телото ги мачка со креми неколку пати на ден, наутро, навечер и секој пат после туширање.
За совршена кожа, Џеј Ло препорачува добар сон. Таа спиењето го смета за најважното оружје за убавина, па затоа секоја ноќ спие најмалку 8 часа.
За здрав и сјаен изглед важно е и чистењето на лицето, за што таа користи разни производи од козметичкиот бренд Vaseline. Исто така, користи и производи со протеини од плацента, што и го одржуваат младешкиот изглед. Таа не е единствената која секојдневно користи козметика на база на плацента. Ева Лонгорија е уште една во низата ѕвезди на Холивуд кои користат такви препарати.