Откако Селма Хајек дозна дека нејзиниот сопруг Франсоа-Хенри Пино е всушност татко на синот од Линда Еванџелиста, дојде време и Бијонсе да ја искуси истата или барем слична судбина.
Нејзиниот сопруг Џеј Зи пред девет години бил во врска со Шенел Скот. Манекенката наводно затруднела и на раперот му родила син по име Скот.
– На сите им беше кристално јасно дека Шенел имаше секс со кого ќе стигнеше, па истото се случи и со Џеј Зи. Син ми Малик Сајед ги прифати и го призна детето како свое, но кога му дојдоа преку глава оговарањата и исмејувањата, побара детето да оди на ДНК тест. Тогаш се потврди дека Џеј Зи му е татко – прозборе таткото на Малик. Дечкото е плукнат Џеј Зи, а раперот дури и плаќа алиментација за детето сите овие години.
Имено, на мајката ѝ давал пари да молчи, а таа купила куќа на Тринидад во која живее со семејството. Џеј постојано ја посетува бидејќи сака да биде дел од животот на Скот.
Бијонсе наводно била бесна кога дознала дека Џеј Зи, со кого веќе 3 години е во брак, има 9-годишен син, но на крај го прифатила тоа.