Холивускиот глумец Џек Николсон е заинтересиран за да го купи апартманот на поранешна СФРЈ во Менхетн. Станот е празен веќе 19 години, затоашто државите на поранешната држава не можат да се договорат околку сопственоста. Станот има 215 квадратни метри, а е проценет на околку 20 милиони долари. Сметките за станот ги плаќа Србија, па така да Белград издвојува повеќе од 12 илјади долари за да не се изгуби сопственоста на станот. Доколку Николсон го купи станот, Србија ќе треба да добие околу 39.5% од таа сума, што значи дека би добиле четири пати повеќе отколку што е вложено до сега во станот.
Да потсетиме, куќата на Џек Николсон изгоре во пожар,а во гасењето се повредија двајца полицајци. Вилата се запали во петокот вечерта иако пожарникарите дошле брзо, ама немало спас. Николсон куќата ја изнајмувал на глумецот Вилијам Туан, кој во пожарот изгуби се. Николсон му понуди да се смести кај него додека не најде сместување.