Џенифер Анистон и Бред Пит повторно се споменуваат заедно и тоа благодарение на анкетата на едно списание. Според мислењето на читателите на магазинот Fitness, токму нив двајца имаат најдобри тела во шоу-бизнисот, кога станува збор за лица постари од 40 години. Бред и Џенифер зад себе ги оставиле Хали Бери и Вил Смит.
Џенифер во истата анкета ја земала титулата за лице со најпосакувано тело, и ја победила сегашната партнерка на Бред Пит, Анџелина Џоли, но исто така зад себе ја оставила и актерката Камерон Дијаз, која секогаш е на врвот кога станува збор за секси тело. Многу фанови и замеруваат на Камерон во последно време поради премногу набилданите мускули на телото. Тие мислат дека актерката во последно време претерува со вежбање. Најдобро тело после породување има Џенифер Лопез, а за најсекси славен пар се прогласени Дејвид и Викторија Бекам.