Џенифер Анистон ужива во заедничкиот живот со нејзиниот дечко Џастин Теру, со кој неодамна се вселија во куќа во Беверли Хилс. Актерката и нејзината нова љубов очигледно се многу сериозни кога станува збор за нивната врска и планираат што е можно поскоро да основаат семејство. Џенифер сака добро да се подготви за бременост, па затоа одлучи да се откаже од пушење и пиење алкохол.
Откако Џенифер и Џастин почнаа да живеат заедно, излегоа гласини дека актерката е веќе бремена. Таа за ова не сакаше да коментира. Неодамна е забележана во Беверли Хилс со лижавче, кое и помага да се одвикне од цигарите. За новиот начин на живот има голема поддршка и од своето момче, кај кое и пречи единствено тоа што тој сака да има контрола над се!