Џенифер Хадсон пред неколку години речиси за малку ја избегнала смртта, благодарение на желбата да го види своето момче Дејвид Отунга. Пејачката планирала да се врати дома во Чикаго кај нејзиното семејство, но во последен момент се предомислила и одлетала за Флорида. За тоа време, нејзината мајка и брат биле убиени од страна на братот на нејзината сестра Џулија.
“Планирав да се вратам дома, но Дејвид ме покани да дојдам на Флорида да го гледам неговиот натпревар. И така седнав во авионот, и тоа ми го спаси животот. Никогаш порано ова не сум го кажала, ова е прв пат, и се уште не верувам дека ова го зборувам”, изјавила пејачката.
Во тоа време Џенифер планирала голем свадба со Дејвид. “Мојот брат со тој факт имаше малку проблеми, но сепак јас бев неговата помала сестричка, така што е нормално”, изјавила Џенифер, која плановите за свадба по убиството ги ставила во мирување .