Џерард Батлер како Рамбо во најновиот акционен трилер :)

popara22 август, 20111min00
batler

Во ред, како член на женскиот фан-клуб на Џерард Батлер, ми се допаѓа се што тој работи, дури и да направи навистина морничав филм. Беше тешко за нас фановите, затоа што тој направи навистина чудни избори на улоги во изминативе неколку години. Но почнувам да се прашувам дали Џерард има нов правец на неговата кариера, затоа што само што го глеав вториот трејлер, во тек од една недела, на филмот на Џерард, кој всушност изгледа интересно. Првиот беше Coriolanus, кој изгледаше одлично. И сега го гледам трејлерот на Machine Gun Preacher , и … дали изгледа добро? Квалитетно добро. Ова не е само девојка-фан која се пали на Шкотскиот фраер. Ова всушност изгледа дека е интересен филм, и Батлер изгледа има одлична изведба.

Знаете што мислам јас? Мислам дека сега се огради од критиките дека тој „глуми повеќе од што треба” , бидејќи се работи за вистинска приказна. Батлер глуми обичен човек, Сем Чајлдерс, кој порано бил дилер на дрога и криминалец. Чајлдерс го сменил неговиот начин на живот кога го открил Исус, и отишол во Судан да се обиде да помогне. Промоциската кратка содржина гласи:

„Поранешниот член на банда Сем Чајлдерс (Батлер) донесува одлука што ќе му го промени животот, и оди во Источна Африка за да помогне во реновирањето на домови оштетени во граѓанската војна, но притоа тој станува бесен поради необјаснивите хорори со кои се соочува населението на регионот, посебно децата. Игнорирајќи ги предупредувањата од искусните работници, Сем почнува да гради прифатилиште за деца онаму каде што е најпотребно- во центарот на територијата контролирана од бруталната армија на отпорот (LRA), група која принудува малолетници да станат војниците пред да наполнат 13 години. Но за Сем, не е доволно само да ги засолни жртвите на LRA. Посветен на тоа да спаси што е можно повеќе, тој предводи вооружени мисии длабоко во територијата на непријателот за да спаси киднапирани деца, и да го врати мирот во нивните живот- а со тек на време и мирот во својот живот. Ова е експлозивна, реална приказна за човек кој спасил повеќе од илјада сираци од глад, болести и робување.”

Доколку сценаристите го измислеа, доколку беше фиктивно сценарио, мислам дека луѓето ќе го мразеа. Но ова не можете да го напишете.

Колку добро изгледа Џерард кога ќе се ослободи од таа чудна фризура? Кога го прифати Исус, тој исто така доби и убава фризура. И! За прв пат, американскиот акцент на Џерард е пристоен. Постоеа моменти во трејлерот каде не приметив дел од неговиот шкотски акцент. Дали е возможно мојот Џерард да направил навистина добар филм? Ах.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag