Џерард Батлер пред татко му плачел како мало дете

popara19 ноември, 20111min00
gerard-butler

Славниот шкотски глумец, 42-годишниот Џерард Батлер кого често во филмовите го гледаме во улога на херој, откри кога последен пат убаво се изнаплакал.

Глумецот призна дека тоа било многу одамна, кога имал 16 години и го сретнал татко си, кој него и неговата мајка ги оставил додека Џерард бил бебе. Плачел, тврди, четири часа без престан.

„Татко ми не оставил кога сум имал две години. Мајка ми ми беше се во животот. Како дете имав страшни ноќни мори дека и неа ќе ја изгубам”, изјави Батлер, чиј татко живеел во Канада, а тој со мајка му се преселил во Шкотска.

„Кога го обновивме односот, секоја година одев кај него на летните празници во Торонто. За момчето од Шкотска кое никогаш не патувало и не го видело светот, за мене Канада беше рај. Ме однесе еднаш и на Јамајка. Одамна почина и многу ми недостига”, призна глумецот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma