Џесика Сипсон не може да одлучи каква венчаница ќе носи, каде ќе биде венчавката, а ни за храната не е сигурна, кажа близок извор.
Пејачката и глумица и нејзиниот свршеник Ерик Џонсон одлучија венчавката да ја стават на чекање.
– Прво сакаа да имаат само 50 луѓа на свадбата, па се предомислија и посакаа да испратат 300 покани. Како да планираат две венчавки одеднаш, додаде изворот.
Парот не сака да ја откаже венчавката, но не сака ни да брза додека не одлучи за некои детали. Ерик ја побара за жена Џесика минатата година, со само шест месеци врска.